ВИДЕО | Бајден не можеше да ги скрие солзите пред своите сограѓани: Извинете за емоциите, сакам само покојниот син да беше тука

Пред тргнувањето за Вашингтон, каде утре ќе биде инаугуриран за 46. претседател на САД, Џо Бајден одржа емотивен проштален говор во својот град Вилмингтон во Делавер, во текот на кој не можеше да ги задржи солзите.

-Во нашето семејство вредностите кои ги делиме, карактерот кон кој тежнееме, начинот на кој гледаме на светот – се доаѓа од дома. Се доаѓа од Делавер – им порача Бајден на своите сограѓани во државата која за првпат го избра за сенатор кога имаше 29 години, објави Си-Ен-Ен.

– Извинете на емоциите, но кога ќе умрам на моето срце ќе пишува Делавер, рече тој бришејќи ги солзите.

https://twitter.com/ABC/status/1351605408927002624

Во друг емотивен момент, Бајден рече дека единствено му е жал што неговиот покоен син Бо Бајден не е присутен во овие моменти.

-Дами и господа, жал ми е само што не е овде зошто би требало него сега да го претставиме како претседател, рече Бајден.

Неговиот син Бо почина од рак на мозокот на свои 46 години.

– Знам дека времињата се мрачни, но секогаш има светлина. Тоа е она што оваа државичка ја прави толку посебна. Тоа ме научи, најмногу ме научи – секогаш има светлина, им рече Бајден на насобраните приврзаници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот