ВИДЕО: Американскиот пливач Армстронг постави нов светски рекорд

Македонските пливачи ќе имаат нови настапи на меѓународните натпреварувања/Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Американскиот пливач оствари нов светски рекорд од 23,71 секунди во Гринсборо, Северна Каролина, во дисциплината 50 метри грбно.

Хантер Армстронг го направи овој резултат во рамките од американските квалификации за Светското првенство.

Досегашниот рекорд го држеше рускиот пливач Климент Колесников кој имаше време од 23,80 секунди.

Армстронг (21) инаку е освојувач на златен олимписки медал во Токио со штафетата 4×100 мешовит стил.

– Не знам што да кажам, искрено. Тоа е нешто што отсекогаш сум го посакувал и моментално сум воодушевен – рече Армстронг, кој обезбеди пласман на Светското првенство годинава во Будимпешта, Унгарија (од 18 јуни до 3 јули).

Меѓу другото, учество на Светското првенство во дисциплината 100 метри делфин стил обезбеди и седумкратниот олимписки шампион Калеб Дресел. Тој ќе се натпреварува и на 100 метри слободно и 50 метри делфин во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот