ВИДЕО | Ајдари: Владата пристапува искрено и со голема верба во изнаоѓање решение за проблемот со Бугарија

Нашиот политички врв навистина направи сериозни напори и со средбата со бугарските власти и со обидите да се најде едно решение, да се излезе од статус кво со Република Бугарија, состојба која е тешка за граѓаните и не е во нивен интерес, изјави за УБ пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари.

„Граѓаните заслужуваат да има унапредување на ваквиот процес и унапредување на евроинтегративните процеси на нашата земја. Владината делегација пристапи со нови идеи нови предлози кои навистина се надеваме дека во текот на денот и наредниот период ќе ги прифати бугарската страна. Меѓутоа треба да се има предвид дека Бугарија има техничка влада и во моментот нема политичка тежина и политичка готовност за да преземе одговорност од овие размери односно да донесе политичка одлука и јас искрено се надевам дека во текот на следниот период со помош на нашите партнери и нашите сојузници од Брисел и Вашингтон ќе можеме сите заедно да придонесеме да се откочи целиот овој процес“, вели Ајдари. 

„Мислам дека нивните декларации сепак не се точни, сакам да потенцирам дека нашата владина делегација и нашата Влада пристапува најискрено и со голема верба дека ќе се изнајде решение и дека ќе имаме еден договор со кој ќе одиме напред со процесите“, изјави за УБ пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари.

Целиот разговор со Рина Ајдари погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот