Вежби кои ќе го променат вашето тело засекогаш – Можете да ги вежбате дома! (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Следете ги советите на познатата Трејси Андерсон која ќе ви помогне вашето тело да изгледа како некоe на холивудските ѕвезди.

Оваа позната инструкторка по фитнес и креатор на „Anderson Method“, го обликувала телото на многу ѕвезди – Мадона, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез, Шакира и многу други…

– Не им верувајте на краткотрајните решенија, бидејќи ги нема. Се што можете да постигнете со тие инстант диети е да го збуните метаболизмот, а за штетните ефекти да не зборувам, најдоброто што можете да го направите за вашето тело и складна фигура се вежбите. Затоа изберете програма која најмногу ви одговара, како мојата, на која долго работев – вели Трејси.

Таа вели дека најважно од се е тоа да ви стане стил на живот, а набрзо ќе ја воочите разликата, кога за една година ќе се чувствувате и ќе изгледате како сосема друга личност, додава таа.

Погледнете ги овие петнаесет-минутни вежби на Трејси Андерсон, тие сигурно ќе ве инспирираат да го доведете телото во форма…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот