Вархеј: Европа се грижи за БиХ

Оливер Вархеји / Фото: EPA

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеј и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, изјавија дека денешната испорака на 10,5 илјади вакцини значи поддршка од ЕУ на Босна и Херцеговина во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеј и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, изјавија дека денешната испорака на 10,5 илјади вакцини значи поддршка од ЕУ на Босна и Херцеговина во борбата против пандемијата на Ковид-19.

На аеродромот во Сараево, каде што 10,5 илјади вакцини на Фајзер беа предадени на властите во БиХ, Вархеј истакна дека е среќен што денеска е во Сараево и покажа дека ЕУ се грижи за Западен Балкан и Босна и Херцеговина.

– Стоиме покрај БиХ од почетокот на пандемијата. Ова е многу важен момент кога почнуваме да помагаме во помасовна кампања за вакцинација во БиХ. Ние сакаме да помогнеме во обезбедувањето вакцини за здравствените работници кои се на фронтот, рече еврокомесарот.

Тој најави дека другите дози ќе пристигнат следниот месец, додавајќи дека ЕУ и обезбедила на БиХ повеќе од 200.000 дози вакцина преку механизмот на ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да и помагаме на БиХ во оваа борба и морам да кажам дека ова не беше лесна задача, но успеавме. Благодарен сум на министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Александар Шаленберг и канцеларот Себастијан Курц кои беа на наша страна во оваа борба и помогнавме да носиме силна порака – Европа се грижи, нагласи Вархеј.

Претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, и се заблагодари на ЕУ за помошта на БиХ, на комесарот Вархеј, кој дојде лично да ги достави првите вакцини, како и Австрија, преку која се спроведуваше набавката.

– Очекуваме значителни количества на вакцини во мај и јуни. Треба да се испорачаат повеќе од 850.000 дози вакцини. До крајот на вториот квартал, вкупно близу милион дози на вакцини, ако пристигнат околу 160.000 нарачани вакцини во РС. Тој додаде дека тоа значи оти до есен во БиХ би можеле да се вакцинираат поголем број граѓани на БиХ.

Првиот контингент вакцини од механизмот „EU4Health”, чиј основач е Европската унија, денеска беше доставен до аеродромот во Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот