Вардар елиминиран – Струга Трим Лум, Силекс и Македонија ЃП во полуфиналето на Купот

Адама Самаке беше херојот на Македонија ЃП против Академија Пандев/фото: facebook.com/fkmakedonijagp1932

Денеска дознавме три од четирите екипи кои обезбедија место во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија за натпреварувачката сезона 2022/2023.

Последниот учесник треба да биде по епилогот меѓу Шкупи и Шкендија чиј натпревар поради нереди на стадионот „Чаир“ беше прекинат во деветтата минута при резултат 0:1 за гостите.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека во тек е состанокот на Комисијата за натпреварување, и по завршувањето на истиот ќе се објави одлуката во врска со случувањата од натпреварот Шкупи – Шкендија.

Ланскиот шампион во Купот, екипата на Македонија Ѓорче Петров триумфираше со 1:0 над Академија Пандев со голот на интернационалецот од Брегот на Слоновата коска, Адама Самаке во 77 минута од средбата.

Потоа, водечкиот во шампионатот Струга Трим Лум со 2:0 ја елиминираше Брегалница Штип. Стружани по само две минути игра стекна предност со погодокот на Едис Малиќи, а конечниот епилог го постави Буњамин Шабани во 59 минута.

На дуелот во Кратово победникот меѓу Силекс и Вардар се решаваше по изведувањето на пеналите. По регуларните 90 минути мрежите мируваа, а по ударите од белата точка Силекс беше подобар со 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот