Вардар 1961 славеше убедливо против Бутел на турнирот во Струга

Вардар 1961 е блиску до влез во финалето на турнирот во Струга/Фото: facebook.com/ihtstruga

Играчите на Вардар го запишаа и вториот триумф на турнирот во Струга откако со 32:20 беа подобри од Бутел Скопје.

Вардар за место во големото финале, ќе мора во последното коло да го победи тимот на Целје, кој славеше и денеска во дуелот со екипата на Алкалоид, па така Вардар и Целје во пресрет на последното коло имаат максимален број на освоени бодови.

Претходно силите ги одмерија екипите на Татран Прешов и АЕК Атина, а на победа се радуваше екипата од Словачка која што триумфираше со резултат 25:21 (16:11) против грчкиот претставник, во натпревар од групата „А“.

Претходно на првиот меч од вториот ден на турнирот Целје минимално со 29:28 славеше над РК Алкалоид.

На третиот ден в четврток (18 август) од 17.15 часот домаќинот Струга ќе игра против АЕК Атина, од 19.15 часот Е. Пелистер се соочува со Татран Прешов, а од 21.15 часот е пресметката Целје – Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот