Валтер: Одигравме лош натпревар против Агуаш Санташ, потфрлија нашите клучни ракометари

фото: РК Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер во Битола го пречека португалскиот Агуаш Санташ и повторно не успеа да победи на домашен терен во ЕХФ Европската лига.

Во четвртиот европски меч пред својата публика играчите на тренерот Ларс Валтер одиграа реми (27:27) и така ја задржа својата четврта позиција на табелата за одржување на шансите за пласман во следната фаза.

Во финишот од средбата во салата „Боро Чурлевски,“ голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ го одбрани последниот напад на гостинот.

– Одигравме еден лош натпревар, разорачан сум. Мислам дека покрај лошото издание во нашата одбрана, потфрлија нашите клучни ракометари. Сакам да упатам честитки до Агуаш Санташ за одиграниот меч – рече Валтер на прес-конференцијата по натпреварот.

Средниот бек на битолската екипа, Вилсон Дејвис кажа дека противникот му создаде многу проблеми на Еурофарм Пелистер.

– Беше многу тежок натпревар за нас, противникот ни создаваше многу проблеми, особено во првото полувреме. Во вториот дел се адаптираме на играта, го фативме ритамот во одбраната и во нападот. Вистината е дека мали детали го решија мечот. Мислам дека фер е крајниот резултат. Мораме да тренираме напорно за да бидеме подобри во следните натпревари – се зборовите на Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот