Европска лига: Еурофарм Пелистер одигра реми со португалскиот Агуаш Санташ

фото: РК Еурофарм Пелистер

Во својот осми натпревар сезонава во ЕХФ Европската ракометна лига составот на Еурофарм Пелистер на домашен терен во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола одигра реми 27:27 со екипата на Агуаш Санташ.

Во текот на првото полувреме македонскиот вицешампион воглавно го имаше водството, во 13 минута имаше највисоки „плус три“ (7:4). Гостите до паузата намалија нешто од негативата, и во вториот дел битолчани имаа само минимална предност од 14:13.

Агуаш Санташ не само што израмни, туку и стекна опасни „плус три“ (21:24) на девет минути до крајот на средбата. Успеаја во клучните моменти да се вратат битолчани, а бодот за поставување на конечниот епилог го обезбеди репрезентативниот пивот Пешевски. Противникот имаше шанса во својот последен напад да дојде до победата, но голманот Кизиќ не дозволи пораз за својата екипа.

За македонскиот вицешампион Радовиќ беше најефикасен со пет голови, а четири запиша Пешевски. Кај Португалците најрасположен беше Да Силва Оливеира со седум погодоци, а два помалку Каладо Рапосо Баптиста.

Во другите два меча Фуксе Берлин славеше со 32:40 на гостувањето кај Бидасоа Ирун, додека Скандерборг Архус со 33:30 го совлада Мотор Запорожје. Моментно по осум кола во групата „Д“ води Фуксе Берлин со максимални 16 бодови, пред Скандерборг Архус со 12, седум има Бидасоа Ирун, четвртопласиран е Еурофарм Пелистер со шест, Агуаш Санташ четири, а Мотор Запорожје три.

Играчите на тренерот Ларс Валтер следниот натпреар во ова натпреварување ќе го имаат на 21 февруари на гостински терен против Фуксе Берлин, а на 28 февруари пред своите навивачи ќе го пречекаат Мотор Запорожје, значаен меч за пласман во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот