Успешни Шкендија и Ренова во Лига Европа, пораз на Шкупи!

фото: instagram.com/fcshkendija

Денеска во првото квалификациско коло на Лига Европа вкупно три македонски екипи ги имаа своите настапи во ова натпреварување. Поради ситуацијата со Ковид-19, УЕФА донесе одлука наместо досегашниот принцип дома-гости, да се игра по еден натпревар во европските купови.

Шкендија во Азербејџан ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Сумгајит. Играчите на Ѓока триумфираа со 0:2, во првото полувреме мрежите мируваа, но затоа во 56 минута Ибраими носи позитива од пенал. Во самиот финиш од средбата за тетовци помогна исклучувањето на Муталимов во 89 минута кој играше со рака во казнетиот простор, а Дориев беше прецизен од белата точка.

Успешна беше и Ренова која иако пред дуелот важеше за „аутсајдер“, на крајот успеа да го совлада ерменскиот Алашкерт во Ереван со 0:1. Клучниот момент се случи во 58 минута, корнер изведе Гафури, топката дојде до Мишковски кој стрелаше за голема радост на „гипсарите“.

Елиминација доживеа составот на Шкупи кој во Баку загуби од азербејџанскиот Нефчи со 2:1. Стрелец на првиот гол за домаќините беше Бугрине во 67 минута, а проблемите за тимот од Чаир се зголемија само 180 секунди поради вториот жолт картон на Гудиаби.

Во 88 минута Кривотсјук се погрижи за зголемување на предноста, а единствениот погодок за Шкупи го постигна Дарбо (90+3`).

Лига Европа
1. квалификациско коло, резултати

Алашкерт-Ренова 0:1
Сумгајит-Шкендија 0:2
Нефчи Баку-Шкупи 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот