Уште едно бебе во семејството Кардашијан – Џенер: Дали Кендал вистински е бремена или се работи за маркетинг – трик?

Instagram
Instagram

Единствената членка на кланот Кардашијан – Џенер, Кендал Џенер, која сѐ уште не е реализирана како мајка, „се шушка“ дека наскоро би можела да го промени тој статус.

Секој што е запознаен со ситуацијата во семејството Кардашијан – Џенер знае дека скоро сите сестри се веќе реализирани како родители: Кортни Кардашијан има три деца, Ким има четири деца, Клои има една ќерка, како и нивната полусестра Кајли Џенер.

Кендал наскоро би се придружила во „ова друштво“, барем судејќи според објавата на твитер – профилот на нејзината мајка Крис Џенер.


Познатата Крис објави статус на социјалната мрежа „тагнувајќи“ ја својата ќерка Кендал на објавата на која пишува: „Можеш!“ додавајќи – емотикон во форма на шише со млеко за бебиња!

Кендал на оваа објава веднаш одговори:

Мамо, ова изгледа како најава за бременост!

Многу брзо, во низата коментари започна да се дискутира дали Кендал навистина е бремена, дали станува збор за случајна грешка или можеби за уште еден маркетинг потег на брилијантната Крис Џенер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот