Унгарија: По 30.000 евра на брачните парови со три деца

Фото Архива на СП

Во Унгарија вадата им нуди на брачните двојки заем од околу 30.000 евра, кој нема да бидат задолжени да го вратат ако имаат три деца, објавија тамошните медиуми.

Парите се достапни преку шема што започна на почетокот на јули, а двојката може да го потроши заемот на што сака двојката и истиот е без камата.

Како и многу други земји-членки на ЕУ, Унгарија страда од недостиг на работна сила, бидејќи работниците ја напуштаат земјата во потрага по повисоки плати.

Премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска партија Фидес сакаат да го охрабрат растот на населението преку семејствата наместо преку масовната имиграција.

– Не ни требаат броеви, туку унгарски деца – рече тој во своето обраќање во февруари.

Од канцеларијата за меѓународни комуникации на унгарската влада велат дека луѓето во земјата сакаат Унгарија да остане унгарска земја со добри услови за семејствата.

Додека просечната стапка на плодност во ЕУ е 1,59, Унгарија заостанува со 1,49 деца по жена, според „Еуростат“.

Заемот претставува дел од Акциониот план за заштита на семејството на Орбан, со кој се издвојуваат 4,8% од БДП на програми за поддршка на семејствата и поттикнување на наталитетот.

Другите точки на планот вклучуваат програма за заем за поддршка на набавки во домовите, субвенции за автомобили за големи семејства и доживотно ослободување од персонален данок на доход за жени кои израснале најмалку четири деца.

Двојките мора да исполнуваат одредени критериуми за да ги добијат средствата. Тие мора да се во брак, на барем еден од партнерите тоа да му е прв брак, сопругата да биде на возраст од 18 до 40 години и барем еден еден од нив да плаќал социјални придонеси во Унгарија во период од 180 дена.

За паровите кои ќе добијат едно дете во петгодишна временска рамка, каматата на нивниот заем се укинува засекогаш и месечните отплати се одложуваат за три години.

Раѓањето на второ дете им овозможува дополнителна тригодишна пауза на отплата, а сите пари што ги отплатиле им се враќаат. Долгот им се отпишува по раѓањето на трето дете.

Ако парот или не успее да роди дете за пет години или се разведе, тие мора да го вратат сето она што го позајмиле за четири месеци (120 дена).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот