Убави вести од борењето: Со помош на МОК, Андреа Нисева ќе настапува за Македонија
Со помош на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Андреа Нисева ќе настапува за Македонија
Препорачано
Нисева, носител на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 (слободен стил), во иднина ќе се бори за нашата земја.
Ова денеска беше договорено меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски и Андреа, нејзиниот татко и нејзиниот тренер.
Андреа Нисева во 1/8 финалето на Европското првенство ја победи Турчинката Сезин Дикичи, Русинката Полина Посохова и полската борачка Јулија Гибалска, а загуби само од Грузијката Миранда Капанадзе, со што го освои бронзениот медал настапувајќи за бугарската репрезентација во борење.
– Имајќи ги во предвид нашите долгорочни Олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анџелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри – изјави по овој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски.
ИНТЕРВЈУ со Андреа Нисева: Верувам дека можам и со дисциплина во борењето да стигнам до врвот!


