Туширањето со ладна вода може да предизвика стрес за целото тело, особено за срцето

туширање
Фото: Unsplash

Ладната вода, сепак, прави одреден „напад“ врз нашето тело и предизвикува реакција на брза потреба да се прилагодиме на новите околности.

Тропските температури честопати нè наведуваат да бараме спас во разладување со туширање, а многу луѓе го практикуваат тоа со целосно ладна вода.

Има и такви кои се тушираат со ладна вода и во зима, тврдејќи дека така се „челичат“ и го зајакнуваат своето здравје и менталната сила.

И не само тоа – на Интернет се појавија тврдења дека овој начин на туширање ја подобрува циркулацијата, дека може да иницира губење на тежината и дека го зајакнува имунитетот. Дали е тоа точно така и дали се „исплаќа“ да се стиснат заби поради некои, тврдења кои сè уште не се доволно научно поткрепени.

туширање

Како ладниот туш влијае на циркулацијата

Постои јасно објаснување, велат научниците, зошто нашата прва реакција на контактот со ладна вода е чувство на страв и „тресење“. Едноставно кажано, ладната вода прави одреден „напад“ врз нашето тело, што предизвикува реакција, со брза потреба да се прилагодиме на новите, на прво време непријатни околности.

Шокот кој го предизвикува ладната вода доведува до промена на начинот на функционирање на нашиот крвоток. Телото автоматски го зголемува протокот на крв со цел да се загрее, да се прилагоди на температурата, сè со цел да ги заштити виталните органи и функции.

Во исто време, постои промена во интензитетот на циркулацијата. Овој процес, сепак, го стимулира протокот на крв, со ефект на затегнување на кожата. Меѓутоа, лекарите сепак сугерираат дека постојат подобри начини за овие ефекти, истовремено избегнувајќи го шокот што неминовно се јавува, макар и да помине за кратко време. Еден начин е, да речеме, десетминутна прошетка проследена со брзо одење.

туш

Туширање со ладна вода и слабеење

Ненадејната реакција на нашето тело на ладна вода може привремено да влијае на забрзување на метаболизмот, бидејќи додека телото се обидува да се загрее и да ја компензира температурата, троши енергија. Логично, овој процес на самозагревање согорува дополнителни калории. Сепак, лекарите предупредуваат да не очекувате премногу ефекти и потсетуваат дека единствениот начин до витко тело, со кое ќе се гордеете, е првенствено балансирана исхрана и соодветна физичка активност.

Влијание на имунолошкиот систем и менталното здравје

Некои студии објавија неколку контроверзни откритија за кои, според други експерти, се потребни многу дополнителни истражувања.
Ова првенствено се однесува на тоа дека туширањето со ладна вода може да го подобри имунитетот и да нè направи поотпорни на некои болести.

Една студија дури го поврза туширањето со ладна вода со подобра отпорност на појава на рак. Во областа на менталното здравје, истражувачите откриле дека овој метод може да помогне во ублажување на симптомите на депресија.

туширање

На какви ризици се изложувате ако постојано се туширате со ладна вода

Ако имате одредено срцево заболување, откажете се од туширање со ладна вода затоа што реакцијата на вашето тело на ладната вода ќе создаде дополнителен стрес за срцето, што може да доведе до неправилно чукање на срцето или аритмија. Исто така, ако сте склони на настинки, ќе бидете изложени на дополнителна опасност, особено ако тоа го практикувате ова и во зима, а уште сакате да спиете во ладна просторија.

Препораките на лекарите е да му дадете време на телото да се прилагоди, и дека, ако веќе сакате да се туширате со ладна вода, започнете со малку потопла, па млака вода, а потоа постепено преминувајте на поладна вода. Исто така, внимавајте овој процес да не трае премногу долго. По тушот, добро исушете се и не стојте на извор на проток на ладен воздух, особено ако имате некој од наведените здравствени проблеми.

Извор: eklinika.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот