Турската лира во слободен пад

Централната банка се бори со депресијата на лирата и на пазарот постојано вбризгува девизи. Тоа има тенденција да ја поддржи лирата, но во исто врме се намалуваат и државните девизни резерви. Тие неодамна од 81 достигнаа 51 милијарда долари.

Турција се соочува со нова валутна криза, зголемувајќи ги проблемите во земјата која веќе се бори со последиците од пандемијата на коронавирусот. Ова е добра вест за туристите, но не и за Турција. Лирата од почетокот на годината изгубила петина од својата вредност во однос на американскиот долар, а вчера го достигна својот рекорден минимум во однос на американската валута, објави Банкар.рс.

Депресијата на лирата значи дека увозот во земјата, сиромашна од сировини и зависна од увоз станува скап, а тоа ја придвижува инфлацијата која моментално измесува 12 отсто.

Покрај тоа, турските компании имаат големи долгови во странство. Рејтин агенцијата S&P проценува дека повеќе од третина од сите кредити се земени во странски валути. Поради тоа многу компании имаат голем проблем, тие заработуваат во слабата Лира, а долговите мора да ги исплаќат во поскапите валути.

Прочитајте и...  Силен земјотрес во близина на Света Гора

Ситуацијата ја отежнува и коронавирусот. Важната туристичка индустрија-туризмот е оптеретен се отсуството на странските гости, кои обично трошат многу пари, а сега на оваа земја и се потребни итно странски пари.

Пролета 2019 година приходите од туризам изнесувале околу осум милијарди долари, но во првата половина од оваа година бројот на странските гости се намалил за 75 отсто, и изнесувал само 4,5 милиони.

Централната банка се бори со депресијата на лирата и на пазарот постојано вбризгува девизи. Тоа има тенденција да ја поддржи лирата, но во исто врме се намалуваат и државните девизни резерви. Тие неодамна од 81 достигнаа 51 милијарда долари. Од минатата година централната банка и државата потрошиле повеќе од 110 милијради долари за поддршка на девизниот пазар. Аналитичарите велат дека падот на лирата не е само поради коронакризата, туку и поради лабавата монетарна политика на турската централна банка. И покрај алармантната состојба, банката и понатаму продолжила да ги намалува каматните стапки од 24 на 8,25 осто за помалку од една година.

Прочитајте и...  Шеста седница на Владата, четвртиот пакет мерки на дневен ред

Прочитај повеќе

Заев: Фирмите што имаат загуба нема да треба да исплатат К-15 на вработените

Слободен печат

Париз ги повика Ереван и Баку на прекин на непријателствата

Слободен печат

Во Индија околу шест милиони инфицирани од коронавирус

Слободен печат

Мицкоски: Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен (ВИДЕО)

Слободен печат

Уште 148 новозаболени од коронавирус, тројца починати

Слободен печат

Заев: Порта Македонија не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Врачено Рациновото признание за 2020 на Томислав Османли

Слободен печат

Швајцарците го одбија предлогот на десницата за ограничување на имиграцијата од земјите на ЕУ

Слободен печат

Инцидентите со полицајците под лупа на Македонскиот полициски синдикат

Биланси од судирите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

Слободен печат