Туркменистан – земја во која не постојат сметки за струја и вода, а по пет години работа следува стан од државата

Фото: EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Туркменистан, четврта држава по производство на природен гас, на своите граѓани им овозможува бесплатен гас, вода, струја, па дури и автомобилско гориво. Секој граѓанин има право на 120 литри бесплатно гориво месечно, иако цената за еден литар е 20 центи, додека пак просечната месечна плата изнесува околу 300 долари.

Туркменистан брои околу шест милиони жители, а повеќе од 90 отсто од работната сила е вработена во државниот сектор.

Секој вработен во јавниот сектор со повеќе од пет години работно искуство, има право на бесплатен стан од државата, додека пак ако некој се одлучи да земе станбен кредит, каматната стапка е фиксна и изнесува 1 отсто, со рок на отплаќање од триесет години.

Економијата на Туркменистан главно се темели на природните ресурси на гас, кои дозволуваат туркменистанската Влада да им ги овозможи на своите граѓани овие бесплатни услуги.

Земјоделството, енергетската индустрија и инфраструктурата како главни индустрии се целосно под државно раководство и надлежност.

Резервите на природен гас на Туркменистан изнесуваат околу 26.000 милијарди кубни метри, што оваа централно-азиска држава го зазема третото место во резерви на природен гас, веднаш зад Русија и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот