25 C
Скопје

Турција воведува т.н. „полициски час” и ги затвора училиштата

Турција ги затвора училиштата и воведува вечерен „полициски час” за време на викендите од 20.00 до 10.00 часот, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најавувајќи нови ограничувања во борбата против коронавирусот.

По состанокот на владата што траеше повеќе од три часа, Ердоган рече дека рестораните, продавниците, трговските центри и фризерските салони ќе работат во ограничено време од 10 до 20 часот.

Тој нагласи дека претходниот „полициски час” за лица над 65 години ќе бидат проширен за да ги опфатат и помладите, вклучително и оние на возраст под 20 години.

Делумниот режим на движење на овие возрасни групи ќе им овозможи да излегуваат надвор само од 10.00 до 16.00 часот.

Сите спортски настани ќе се одржат без навивачи.

Кафулињата ќе бидат затворени до ново известување, кината ќе останат затворени до крајот на оваа година.

Во однос на образованието, Ердоган рече дека училиштата ќе бидат затворени од петок, а наставата ќе се одвива на далечина.

Во Турција има 421.413 случаи на коронавирус, од кои 359.063 од оздравеле, а починале 11.704 луѓе. Вкупно 3.657 лица се во критична состојба. 

Извор:МИА

Поврзани вести

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

Слободен печат

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Слободен печат

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

МИА Агенција

Остави Коментар