Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за физика

Добитници на Нобелова награда за Физика/ Фото Твитер

Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Нивните резултати го отворија патот за нова технологија заснована на квантни информации, се вели во соопштението.

„Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација”, се наведува во соопштението.

Минатата година наградата ја добија и тројцата научници Сјукуро Манабе, Клаус Каселман и Џорџо Паризи, чија работа помогна да се објаснат и предвидат комплексните сили на природата, а со тоа да се прошири нашето разбирање за климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот