Тројца доктори од Детска клиника се во комисијата за испитување на смртта на бебето од ГАК

Тројца специјалисти од терциерното здравство се во стручната комисија што Министерството за здравство ја формираше за да го испита случајот со смртта на бебето на ГАК кое што според интерни документи кои ги објави „Слободен печат“ – било реинтубирано 20 минути, а началничката на одделот за интензивна нега на ГАК д-р Елизабета Петковска ја пријавила педијатарката д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.

Како што дознава „Слободен печат“ од извори од Министерството за здравство, стручната комисија која ќе се занимава со испитување на овој случај, е составена од лекари од Клиниката за детски болести бидејќи таа јавна здравствена установа е единствената што има овластувања за стручен надзор поради високо-стручниот кадар.

Во комисијата се наоѓа еден пулмолог, еден невролог и еден интензивист од Детската клиника, брифираат за „Слободен печат“ нашите извори од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, екипа од „крвни деликти“ веќе има почнато истрага за случајот внатре во болницата, со оглед на тоа што постои целосна внатрешна кореспонденција, пријави од сведоци и записници од комисијата за квалитет во болницата, каде се наведува наводното несоодветно лекување со смртни последици.

Готов е и обдукцискиот наод за новороденчето.

Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот