Триста инспектори на УЈП „тресат“ маркети на „КАМ“ во целата држава

Фото: Фејсбук

Во моментов повеќе од триста колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на маркетите „КАМ“, поради утврдени неправилности, откри вечерва во „Топ тема“ на телевизија Телма директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Согласно она што го утврдивме од теренските контроли во изминатите два дена, сметаме дека во интерес на граѓаните и во интерес на она што значи зачувување на стандардот, имаме обврска, професионална и морална, да постапуваме“, изјави Лукаревска.

Во досегашната работа на УЈП, утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката Г во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на владата, не се почитува до крај.

„За такви големи даночни обврзници, неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добивме и соодветни други сознанија, во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обрвзник. Добивме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните“, потенцираше Лукаревска.

Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава, вели Лукаревска.

Таа денеска во „Утрински брифинг“ исто така зборуваше за засилените контроли на УЈП кај трговците низ целата држава:

ВИДЕО | Лукаревска: Имаме засилени контроли – намалувањето на сивата економија е приоритет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот