ВИДЕО | Лукаревска: Имаме засилени контроли – намалувањето на сивата економија е приоритет

Утрински брифинг директорката на УЈП, Сања Лукаревска
Сања Лукаревска, директорка на УЈП / Утрински брифинг

Не би рекла дека е комплицирана постапката за адаптација на фискалните каси. Ние уште претходната недела известивме што треба да се направи и имаше доволно време да се спроведат сите одредби од одлуката. Тоа го утврдивме преку поголем дел на контроли. Кај дел од оние кои ги контролиравме и кај кои најдовме неправилности беше констатирано дека некои производите опфатени со мерките воопшто не беа ставени во ставката „Г“, вели за Утрински брифинг директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Не се согласувам дека регионот на Тетово е јадрото на сивата економија, ние изминатиот периот имавме и засилени контроли. Да, во Тетово имавме утврдено најмногу неправилности, но мислам дека резултатите покажаа дека ситуацијата секаде е иста, вели Лукаревска.

Говорејќи околу стапката на сива економија, директорката на УЈП, Сања Лукаревска смета дека иако процентуалната бројка таа е сѐ уште голема, но УЈП продолжува со сузбивањето на оваа појава.

-Имаше една кампања која што ја започнавме со министерството за финансии „Да ставиме боја на сивата Економија“ и да ставиме акцент на неа во наредниве години… Се движиме од 30 до 35 процентки во сива економија. Согласно според нашите анализи и статистики се движиме во таа бројка, но секако и тоа не е за пофалба и секако тоа значи дека не сме ја завршиле добро работата, вели Лукаревска.

-Преку нашиот систем е-ПДД во случајот со високите плати најверојатно станува збор за менаџерски договори. Мора да напоменеме дека станува збор за пријавени и оданочени приходи. Да има голем јаз на многу богати и сиромашни граѓани но тоа од секогаш било така. Во врвот меѓу првите 30 лица секогаш се вртат едни исти имиња, вели таа.

-И за оваа година ги генерираме пријавите и ќе ја следиме состојбата, ќе видиме со што ќе излеземе во јавноста. Генералната перцепција е дека рамниот данок ги дава подобрите резултати. Не смееме без длабинска и соодветна анализа да носиме прогресивно оданочување. Секоја промена треба со повеќе соодбетна дебата и анализа да го види светлото на денот, вели за Утрински брифинг, потпретседателката на СДСМ и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот