Туристи во Скопје / Фото: Методи Здравев - „Слободен печат“

Три четвртини од туристите во Македонија се странци – еве од каде ни дошле најмногу во септември

Во септември годинава во Македонија се регистрирани 132.999 туристи, кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,6% се домашни, а 75,4% се странци. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8% ги оствариле домашните туристи, а 68,2% странските.

Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција (32.950), од Србија (8.830), од Германија (6.615) и од Полска (3.577).

Во периодот од јануари до септември 2025 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8%. Кај домашните туристи има намалување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 9,6%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот