Трето место за македонскиот велосипедист Јованоски на последната етапа од трката во Србија

Димитар Јованоски воедно беше второпласиран во У23 категоријата/фото: facebook.com/dimitarjovanoski2003

Даут Јемане од Еритреја (возач на британскиот Bike Aid тимот) е победник на 62 меѓународна Трка низ Србија која после четири етапи е завршена во Чачак. Севкупно на четирите етапи беа возени 650 километри, учествуваа 120 натпреварувачи од 20 екипи.

Второто место во генералниот пласман му припадна на Андре Ван Енгелен од Холандија, исто така член на гореспоменатата британска екипа.

А до третата позиција дојде Елиа Карта од Италија, член на словенечкиот Мебло јоги тим.

Последната четврта етапа стартуваше пред манастирот Милешева и беше возена до Чачак во должина од 156,5 километри.

Во спринтот на целта во Чачак славеше репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Хусеин Селимовиќ пред Хрватот Виктор Поточки од словенечката екипа на Густо Љубљана, а трет заврши Димитар Јованоски од Македонија, натпреварувачот од унгарската екипа на Лотус. Резултатите од етапата можете да ги погледнете ТУКА

Севкупно Јованоски го освои шестото место, а во У23 категоријата дојде до втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот