Трет Македонец во Пјуник, и Кире Ристевски потпиша за ерменскиот шампион

Дефанзивецот Кире Ристевски ја продолжува кариерата во Ерменија/фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Кире Ристевски во новата сезона ќе настапува за ерменскиот клуб Пјуник, нашиот 31-годишен одбранбен играч е третиот Македонец кој ќе настапува за шампионот на Ерменија во чиј состав се и Марјан Радески и Стефан Спировски.

Ристевски не се најде на списокот играчи кај селекторот Благоја Милевски за натпреварите овој месец во Лигата на нации против Грузија и Ерменија. Ристевски ја прекина соработката со неговиот последен клуб АЕЛ Лимасол од Кипар на 30 август.

Во кариерата беше дел и од Пелистер, Елбасани, Билис Балш, Славија Софија, Тирана, Работнички, Вашаш и Ујпешт. Во сезоната 2020/2021 со екипата на Ујпешт успеа да дојде до трофејот во Купот на Унгарија.

Ристевски беше дел од младинските селекции на Македонија, а од 2014 година е во сениорскиот дрес со 57 настапи.

Потсетување дека сезонава Пјуник настапува во групната фаза на Лигата на конференции. Своето учество во тоа натпреварување Ерменците го започна со пораз од швајцарскиот Базел (1:3), а во групата „Х“ се и Слован Братислава од Словачка и литванскиот Жалгирис.

Пјуник не објави детали од договорот со Ристевски, но му посакаа успешни настапи, а воедно на својот официјален клупски сајт го објавија и податокот дека според „Трансфермаркт“ вредноста на Македонецот се проценува 350.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот