Тренерот на Серена нема дилеми: Федерер е совршен и неповторлив

Рожер Федерер/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Швајцарскот тенисер Рожер Федерер неделава по настапот на Лејвер купот идниот викенд и официјално ќе замине во пензија, поради што изминатите неколку дена постојано добива пораки со поддршка и воодушевување од спортскиот свет.

Последен кој му оддаде почит на освојувачот на 20 гренд слем титули е долгогодишниот тренер на Серена Вилијамс која исто така замина во пензија, Патрик Муратоглу. За Муратоглу, Федерер е уникатен и неповторлив тенисер.

– Мислам дека Рожер е најдобриот амбасадор што го имал тенисот го имал некогаш. Секој би сакал да може да игра тенис како него, но Рожер е единствен, оригинален. Никој никогаш не играл тенис како Федерер и никој никогаш нема ниту да игра бидејќи е невозможно. Федерер е премногу совршен за некој да се споредува со него. Тој е апсолутно совршенство во сè што прави, начинот на кој се движи, начинот на кој ја удира топката, бидејќи имате чувство сето тоа го прави со минимален напор – вели Муратоглу.

Според Французинот, борбеноста е клучот на успесите на Федерер.

– Рожер освои 20 гренд глем турнири бидејќи е воин. Секогаш се бореше за секој поен како да му е последен. Малку тенисери имаат таков менталитет. Благодарение на тоа, Рожер успеа да испише историја во овој спорт – додава Муратоглу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот