Тренерот на МЗТ Скопје, Николиќ: Купот има три „лизгачки скалила“ и мора да бидеме внимателни

фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром-Кожув и Гостивар-Феникс 2010 се првите четвртфинални двојки во кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски“ – Буштур.

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув ја имаат таа чест да го отворат 30 издание од Купот, кој трета сезона по ред го носи името на македонската кошаркарска легенда. Кои се очекувањата на тренерот Драган Николиќ, кој од пред извесно време е предводник на МЗТ Скопје Аеродром.

– Задоволство ми е што повторно сум дел од вакво натпреварување кое е доста специфично, во кое можеш во четврток да дојдеш со едно очекување, внимание и желба, а во сабота да завршиш со друга реалност, или да го освоиш првиот пехар. Нашите амбиции се да ги освоиме пехарите, но во Купот има три „лизгачки скалила“ и мора да бидеме внимателни – рече Николиќ.

На другата страна од теренот ќе биде Александар Јончевски, актуелен селектор на нашата сениорска репрезентација, и шеф на стручниот штаб на Кожув од Гевгелија.

– После одредена пауза Кожув повторно е на мапата на завршниот турнир во Купот. Со задоволство го исчекуваме натпреварот, играме против фаворитот МЗТ, проект кој е создаден да игра успешно во АБА. Не треба многу да се говори за квалитетот за противникот, ние имавме квалитетни натпревари на домашната сцена во лигата, и се надевам дека ќе ја повториме играта. Само така може да се надеваме на позитивен исход. Исто така, целиот турнир сакам да биде добар, па им посакувам добра игра и многу среќа на сите учесници – вели Јончевски пред првиот четвртфиналент натпревар во четврток од 12.00 часот.

Нешто подоцна (14.30 часот), за место во полуфиналето ќе разигруваат екипите на Гостивар и Феникс 2010.

– Ние како клуб, како Гостивар, одиме чекор по чекор. Првата пречка е Феникс 2010, екипа од која доживеавме тежок пораз. Ги анализиравме добро, и ако нашите играчи дадат 100% во напад и одбрана имаме добри шанси да ја вратиме нашата екипа на победнички патеки и да дојдеме до полуфинале – рече на прес-конференцијата, Љупчо Малинков, првиот тренер на екипата од Гостивар.

Распоред на одигрување на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски“ – Буштур“ 2023

– Ние сме втора година на овој настан. Минатата година бевме дебитанти и загубивме во полуфиналето од МЗТ Скопје. Оваа година сме дојдени тука да играме финале, нема да се предадеме против никого. Се игра еден меч, мора да сме внимателни и се надеваме дека ќе ги оствариме целите – кажа тренерот на Феникс 2010, Денис Дервишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот