Распоред на одигрување на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски“ – Буштур“ 2023
Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ги утврди и термините за одигрување на натпреварите од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој од 16 до 18 февруари ќе се реализира во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.
Препорачано
На првиот натпреварувачки ден, 16 февруари (четврток), ќе се одиграат четвртфиналните натпревари во машка конкуренција. Наредниот ден, 17 февруари (петок), се двата полуфинални натпревари во женска, а потоа и во машка конкуренција.
Од 12.00 часот, на теренот во салата СРЦ „Кале“ ќе истрчаат екипите на Баскет Кам 2011 и Бадел 1862, потоа од 14.30 часот, ќе се игра натпреварот помеѓу, екипите на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ
МАЖИ, ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
16 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)
12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (1)
14.30: Гостивар – Феникс 2010 (2)
17.00: Пелистер – Еуро Никел 2005 (3)
19.30: Работнички – ТФТ (4)
17. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
12.00: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011
14.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3
18. ФЕВРУАРИ (САБОТА)
16.30: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ


