Трамп тврди: Подобра понуда стигна 10 минути откако ги откажав преговорите со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД добиле значително подобра понуда од Иран само десет минути откако тој објавил дека го откажува патувањето на своите претставници на разговорите со иранската страна.
Препорачано
Трамп ова го изјави во разговор со новинарите во Флорида, непосредно пред да се качи на „Ер Форс Уан“ и да замине за Вашингтон.
– Ни дадоа документ кој требаше да биде подобар, а интересното е што веднаш откако го откажав патувањето, во рок од десет минути, добивме нов документ кој беше многу подобар – рече Трамп.
И покрај тоа што оцени дека новиот ирански предлог е поквалитетен, американскиот претседател нагласи дека сè уште не е целосно задоволен од понуденото.
Trump on cancelled negotiations with Iran: “We’re not gonna be traveling 15, 16 hours to have a meeting with people that nobody ever heard of…It’s a lot of traveling. No, we don’t want to do that…Traveling takes too long, too expensive. I’m a very cost conscious person.” pic.twitter.com/uxhN8QfYd7
— The Bulwark (@BulwarkOnline) April 25, 2026
На прашање од новинар на „Си-ен-ен“ за деталите од новата понуда, Трамп не сакаше да открие повеќе информации.
– Понудија многу, но сè уште не е доволно – изјави кратко Трамп пред заминувањето за Вашингтон.
Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата


