Трајковски: Освоивме прво место во кое никој не веруваше, треба да извлечеме добра поука

Капитенот ги оцени од најмладиот до најстариот, сите имаат „десетка“/ /Фото: kfsm.mk

Еден од најискусните во македонската кошаркарска репрезентација, капитенот Бојан Трајковски е задоволен што на крајот ја остваривме целта, пласман во главните квалификации за Светското првенство, но и дека од поразот од Словаците треба да се извлече поука.

– Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Треба да извлечеме една добра поука. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата.

Сега следат квалификациите, од многу работи и противници ќе зависат тие. Не знаеме кој тогаш ќе игра, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не.Сите кои ќе добиеме повик ќе се сплотиме и се надевам на добар резултат. Оценка од најмладиот до најстариот – сите имаат една „десетка“ за настапите – рече Трајковски по натпреварот со Словачка.

Кристијан Николов беше најефикасниот во нашата селекција во поразот од Словачка (72:88) со 17 поени.

– За нас беше тежок меч, поминавме 40 дена заедно, наша цел беше првото место и целта е остварена. Одиме понатаму, среќни сме. Не требаше да загубиме вака. Премногу бевме уморни. Мислам дека малку влеговме опуштено, но пак ќе повторам, целта е остварена. Одиме како први во квалификациите. Не влеговме во овој меч да го загубиме и не тактизиравме. Одиме понатаму како први, тоа ни е најважно – се зборовите на Николов.

Бајиќ: Лош впечаток за крај, но ја остваривме целта, ова е историски за македонската кошарка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот