Бајиќ: Лош впечаток за крај, но ја остваривме целта, ова е историски за македонската кошарка

Селекторот на кошаркарите Драган Бајиќ/Фото: КФСМ

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ја оствари првата цел во Скопје, учество во главните квалификации за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Избраниците на селекторот Драган Бајиќ го освоија првото место со учиник од две победи и порази, иако сите селекции освоија по шест бодови, на конечната табела сме на врвот со подобар кош-количник од Словачка и Швајцарија.

Словаците доминираа на денешниот меч, и не само што триумфираа, туку и тие слават влез во квалификациите за учество на следниот Мундобаскет.

Потсетување дека нашата репрезентација настапи доста ослабена без стандардни првотимци како Димитријевиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Јакимовски, Николовски, Соколов, Младеновски…

– Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно, и чесно ќе се вратиме. Уште еднаш, честитки до сите, благодарност до претседателот Перо Антиќ за довербата.

Што се однесува до мечот, тешко е психолошки да го подготвиш тимот за меч за кој знаеш дека можеш да загубиш 20 разлика, а пак да си прв. На овој турнир имавме добра одбрана, но на овој натпревар потфрливме. Немавме однос на терен како на претходните мечеви.

Ова е историски за македонската кошарка, да се играат квалификации за СП 2023. Ние според некое мое видување останавме без девет играчи во ростерот. Мора малку време и простор да се види кој од оние сите играчи кои не ни помогнаа сега, ќе можат да помогнат после. Доаѓа европската елита, сакам да им дадам шанса на сите и на помладите играчи кои во следните години треба да бидат со репрезентацијата – рече селекторот Бајиќ по мечот со Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот