Македонија со пораз до прво место и квалификации за Светскиот куп во 2023

На моменти и стравувавме, но на крајот Македонија ја оствари првата цел/Фото: kfsm.mk

Словачка беше подобра денеска на затворањето на турнирот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје (88:72), но имаме најдобра кош-разлика во групата „Ф“, и успеавме да го освоиме првото место.

На последниот натпревар од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023, Словачка, победи, заслужено, но имавме доволна залиха да го одбраниме првото место во оваа конкуренција кое води кон планираната цел – настап во главните квалификации како последна пречка за настап на Мундобаскетот.

На денешниот меч најефикасни во нашите редови беа Николов со 17 поени и Крстевски со 15, а на спротивната страна Фусек реализираше 23.

Пласман во квалификациите веќе обезбедија селекциите на Летонија и Белорусија кои се дел од групата „Д“. Од групата „Ц“ добитна комбинација имаат Португалија и Шведска, а од групата „Е“, Црна Гора и Исланд.

ПОБЕДНИЦИ НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК 2023

Португалија

Шведска

Летонија

Белорусија

Црна Гора

Исланд

Македонија

Словачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот