Трагичниот крај на една од најубавите југословенски глумици: Животот го заврши во соба во која од мебел имало само еден валкан душек (ФОТО+ВИДЕО)

Соња со глума започнала да се занимава уште на 16 години, а во текот на завидната кариера снимила неколку филмови кои ја обележаа југословенската кинематографија.

Фото: Инстаграм

Српската актерка Соња Савиќ беше една од најубавите и најпознати актерки на овие простори, а овие денови таа би го прославила 59-от роденден доколку нејзиниот живот пред 12 години не завршеше трагично.

Фото: Инстаграм

Актерката која публиката ја обожаваше е пронајдена мртва во станот на своите родители на 23. септември 2008 година, а имаше само 47 години. Докторите, кои ги повикал нејзиниот тогашен партнер, биле шокирани од глетката која таму ја затекнале.

Фото: Инстаграм

Соња лежела мртва на подот опкружена со шприцови, а во целиот стан единствен мебел бил само еден валкан душек на подот.

Прочитајте и...  Седумнаесет совети од Сигмунд Фројд за лечење на анксиозноста и остварување на соновите!
Фото: Инстаграм

Соња со глума започнала да се занимава уште на 16 години, а четири години подоцна дипломирала на Академијата за драмски уметности во Белград.

Фото: Инстаграм

Врвот во својата кариера го постигна на почетокот на 80-те во кои сними пет филмови кои ја обележаа југословенската кинематографија, а освои и бројни награди, како онаа на Фестивалот во Венеција.

Фото: Инстаграм

Меѓу нив беше и филмот „Una“, кој го одбележа сцената во кога Соња гола јаде цреши на балконот и го заведува својот професор кој ја интервјуира. Останатите филмови кои ја обележаа нејзината кариера се „Davitelj protiv davitelja”, „Život je lep”, „Balkanski špijun”, „Mi nismo anđeli”, „Jug-jugoistok” и уште многу други. На почетокот на 90-те Соња започна да се занимава и со режија и да работи на проекти кои и се противеа на војната во Југославија.

Прочитајте и...  Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше гола за насловната на „Вог“: Ирина Шајк во „жешко“ издание! (ФОТО)
Фото: Инстаграм

Во 80-те години Соња започна да се дружи со бендот „Ekaterina Velika“, а со сите членови беше многу блиска пријателка. Еднаш во едно интервју изјави дека била среќна што пронашла луѓе кои се несреќни како и таа, мислејќи притоа на бендот.

Во тоа време го запозна и Џез музичарот Влајко Лалиќ, со кој со години беше во врска. Лалиќ трагично загина во 1990 година давејќи се при едрење.

Фото: Инстаграм

Савиќ во тоа време имала 29 години, а во една прилика сама за себе изјавила дека е вдовица. Тој бил нејзина голема љубов, а таа мечтаела за тоа да го помине целиот живот со него.

Фото: Инстаграм

Во последната година од животот таа се повлече од јавноста, а глумата сосема ја занемари. Во едно интервју призна дека би сакала да умре со кратка и весела смрт, а призна и дека нејзиниот живот нема смисла бидејќи никојпат не родила.

Прочитајте и...  ВИЦ НА ДЕНОТ: Мерки
Фото: Инстаграм

Соња Савиќ е закопана во родното село на својот татко, а на погребот не дошол никој од нејзините колеги.

Фото: Инстаграм

Поврзани вести

Девојката на Бред Пит во провокативно издание: Прескрасната Никол Португалски ги остави обожавателите без зборови! (ФОТО)

Слободен Печат

Вкусови што се памтат: Српска кујна – Не се тиганици, туку приганици (РЕЦЕПТ)

Милена Ризовска

Што да прават родителите ако детето е позитивно на Ковид-19?

Актерот Арнолд Шварценегер беше итно пренесен во болница, по што се огласи на Инстаграм! (ФОТО)

Слободен Печат

Бритни бара 100 чизбургери, Том Круз 50 танги, а Менсон ќелава проститутка: Лудите барања на холивудските ѕвезди!

Слободен печат

Што треба да јадете по вежбање: Храна за обновување на мускулите

Слободен Печат

Остави Коментар