Тотенхем, од европски вицешампион до реално шоу

Англискиот премиерлигаш Тотенхем во последните неколку сезони претставуваше синоним за симпатичен клуб, тим кој од сезона во сезона се повисоко се искачуваше на скалата на англискиот фудбал.

Тотенхем минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите иако во таа сезона не беше вложено ниту едно евро за засилувања. Но неколку месеци подоцна, тимот од Лондон стана своевидно фудбалско реално шоу.

– Се случија неколку работи зад завесите во Тотенхем за кои не сакам да откривам детали, но морав да си заминам од таму – изјави пред два месеци, Киран Трипие откако потпиша за Атлетико Мадрид.

Неговата изјава не предизвика големо внимание во јавноста и многу брзо се заборави, бидејќи Тотенхем беше европски вицешампион и се наоѓаше на добар пат да влезе во кремот на европскиот фудбал.

Прочитајте и...  Златан ги малтретирал соиграчите во репрезентацијата, се плашеле да повикаат полиција

Убавиот фудбал кој носеше резултати, а тренерот Маурицио Покетино не се плашеше да им даде шанса на помладите фудбалери, претставуваше романтична приказна во Прмеиер лигата, во лигата во која главниот збор го имаа парите. Клубот од минатата сезона игра на суперлуксузен стадион и летово кога сите очекуваа Тотенхем да оди уште едно скалило погоре, дојде изјавата на Трипие која сега сите ја вадат од „нафталин“.

Само неколку месеци подоцна од финалето во Мадрид, Тотенхем денеска е дисфункционална средина, резултатите се сè полоши, а кулминацијата беше понижувачкиот пораз од Баерн Минхен од 2:7 во ЛШ, по што следеше нов шок, вчера Брајтон славеше со 3:0, а навивачите на домашниот тим скандираа „сакаме седумка“.

Прочитајте и...  Прекрасен гест на Мурињо, ќе му ја исполни желбата на македонски новинар! (ВИДЕО)

Причината за падот на Тотенхем, лежи во секс скандалот кој го потресе клубот. Медиумите открија дека дефанзивецот Јан Вертонген имал неколкумесечна секс афера со долгогодишната девојка на Кристијан Ериксен, Сабрина Квист Јансен со која Данецот има едно дете, синот Алфред кој е роден во 2018 година.

Тие двајца воопшто не зборуваат, а се шпекулира дека и капитенот Хари Кејн се обидел физички да се пресмета со Вертонген откако се дознало за скандалот. На почетокот од сезоната, Покетино не им даваше шанса на двајцата фудбалери да играат за првиот тим, но откако зачестија поразите, мораше да ја промени плочата но и пуштањето на Ериксен во игра не донесе подобри резултати.

Тренерот Маурицио Покетино разочаран од случувањата но и одлуките на претседателот Даниел Леви да не троши многу пари за засилувања, наводно се дистанцирал од екипата. Тој тренинзите кои ги водат неговите помошници ги следи преку видео камерите и поради тоа доби нов прекар од фудбалерите,„Големиот брат“.

Прочитајте и...  Ѕвездата на Чикаго со пушка во раката дозна дека има нов тренер (ВИДЕО)

Според англиските новинари, има две сценарија за излез од кризата, едната е заминувањето на Маурицио Покетино за кого постои голем интерес од најголемите европски екипи. Втората опција е проветрување на соблекувалната со продажба на неколку фудбалери, во прв ред на Вертонген и Ериксен.

Доколку челниците на екипата на реагираат веднаш, се ризикува случувањата во Тотенхем да прераснат во вистинска сапуница со примеси на реално шоу.

Прочитај повеќе

ЛШ: Митревски блескаше за Порто, ладен туш за париските „милионери“!

Слободен печат

Хаверц со хет-трик за Челси во Лига купот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ди Марија суспендиран на четири натпревари!

Слободен печат

Ѓока: Мотивиран што ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот!

Слободен печат

За првпат без Роналдо и Меси: Тројца кандидати за играч на годината!

Слободен печат

Симовски повика 18 ракометарки за ЕХФ неделата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Поранешен тренер на Федерер е загрижен за Ѓоковиќ!?

Слободен печат

Има само 17 години и откупна клаузула од 400 милиони евра во Барса! (ВИДЕО)

Слободен печат

Прекрасен гест на Мурињо, ќе му ја исполни желбата на македонски новинар! (ВИДЕО)

Слободен печат

РФМ во проблеми: 16 позитивни случаи на коронавирус во РК Работнички!

Слободен печат

За Бејтулаи дуелот со Тотенхем не е „невозможна мисија“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пандев, Кулушевски и Ибра со најдобрите голови на колото во Серија А! (ВИДЕО)

Слободен печат