Том Харди се враќа во својата стара улога, а фановите се воодушевени! (ВИДЕО)

Фото: EPA

Британскиот актер Том Харди ќе и се врати на својата стара улога, односно ќе чита приказни за деца на каналот „Cbeebies“.

Истото ова славниот актер го правеше уште во 2016 година кога наиде на бројни позитивни реакции кај публиката, која сега повторно е воодушевена откако оваа информација исплива во јавноста.

Харди се појави на детскиот „Би-Би-Си“ канал, „CBeebies“, во емисијата „Bedtime stories“ пред четири години, а во оваа симпатична улога се враќа од 27 април, пишува „Си-Ен-Ен“.

Актерот, најпознат по улогите во филмовите „Inception“, „Peaky blinders“ и „The revenant“, се покажа како многу популарен во читањето на приказни на деца за добра ноќ.

Благодарение на своите читања, во 2016 година тој забележа милиони прегледи на стримингот сервисот „Би-Би-Си иПлеер“.

Приказните кои Харди ќе ги чита ќе бидат им наменети на деца од најмногу две години.

„Во ова тешко време „Би-Би-Си“ ја врши својата мисија да ја забавува Британија, а со овие нови приказни тоа е загарантирано“, порачуваат од „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот