Том Брејди се сели во „царство“ од 14 милиони долари! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер/профимедиа

Брејди ќе ја изнајми куќата на бејзбол-супервездата Дерек Џетер, а го чека луксуз од седум спални соби, девет бањи, забавна соба и просторија за билјард.

Како што е веќе познато, Том Брејди се пресели во Тампа Беј, што воедно му донесе и селидба. Тоа не му падна тешко на НФЛ ѕвездата, која изнајми вила од скоро 3.000 илјади квадратни метри.

Интересно е тоа што Брејди потпиша договор во домашни услови во изолација откако и во САД се во сила мерките во борбата против коронавирусот.

Овој огромен дом што личи како „царство“ Брејди се наоѓа на Дејвиските Острови, а таа припаѓа на бејзбол-супервездата Дерек Џетер.

Брејди ќе ја изнајми куќата, а го чека луксуз од седум спални соби, девет бањи, забавна соба и просторија за билјард.

Се разбира, тука се уште базенот и два приватни чамци кои Брејди ќе може да ги „циркулира“ низ Тампа Беј.

Вилата вреди околу 14.000.000 милиони долари, а Брејди ја изнајмува за 75.000 долари месечно. Куќата е изградена во 2010 година и Џетер тука живееше таму кратко, а откако се пресели во Мајами, реши да ја изнајми.

Во дресот на Њу Ингланд освои шест шампионски титули и одигра девет Супербол натпревари, а сега во луксот на Флорида ќе ужива со својата избраничка, Жизел Бундшен.

фото: профимедиа
фото: профимедиа
фото: профимедиа
фото: профимедиа
фото: профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот