Брејди по 20 години си замина од Њу Ингланд и потпиша за Тампа Беј

tviter

Само неколку часа откако се прости од навивачите и соиграчите од Њу Ингланд петриотс, Том Брејди, се договори со Тампа Беј баканирс.

Том Брејди вчера и официјално ја заврши 20-годишната одисеја со Њу Ингланд притоа освојувајќи дури шест Супербол пехари, а тој стана еден од најдобрите квитербекови во историјата на НФЛ.

Брејди не чекаше многу за нов ангажман, 42-годишниот квотербек се договори со Тамба Беј баканирс. Деталите од договорот се уште не се познати за јавноста, но медиумите во САД шпекулираат дека Брејди ќе потпише двегодишен договор кој ќе му носи 30 милиони долари по сезона.


Том Брејди НФЛ кариерата ја започна во 2000 година кога како 199. пик на НФЛ драфтот беше избран од Њу Ингланд и веќе во наредната година го однесе тимот до првиот Супер Бол трофеј. Брејди уште пет пати го освојуваше популарниот Ломбарди трофеј, во 2004,2005,2015,2017 и 2019 година.

Четири пати беше МВП на Супербол натпреварите, а три пати МВП во регуларниот дел од сезоната, додека 14 пати беше биран за Пробол натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот