Тодорова освои сребро на Европското кик бокс првенство во Будва

Македонските кикбоксери се закитија со четири медали на ЕП во Будва/Фото: facebook.com/pece.maksam

Македонските кикбоксери се враќаат со четири медали од Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора.

Миа Тодорова се закити со сребро откако во финалето во категоријата -65 кг. беше совладана од Пеливан Ајшегул (Русија) со резултат 0:3, а претходно славеше против Донета Менџики (Косово) со 3:0.

Од другите натпреварувачи бронзен медал освои Олгица Орешкова во лоу кик – јуниори (-48 кг.) која во полуфиналето загуби од Русинката Кристина Иудина со 0:3, потоа Силвио Мировски во К-1 јуниори (-57 кг.) дојде до бронза после победата против Страхиња Савиќ (Србија) со 3:0 и поразот од Молдавецот Максим Лиубин со 0:3.

А третопласиран во К-1 јуниори во категоријата – 71 кг. беше Горјан Ристовски кој најпрвин со 2:1 триумфираше над Полјакот Милош Богуцки, додека во полуфиналето претрпе пораз од Русинот Иван Федорчук.

На ова ЕП настапија 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот