Тодоров со две нови имиња денеска против Русија

Фото: kfsm.mk

Исто така со почеток од 15.30 часот по македонско време, денеска најдобрата македонска репрезентација во Арената „Молот“ ќе го има новиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство против домаќинот Русија.

Вчера избраниците на селекторот Александар Тодоров три и пол четвртини водеше рамноправна борба против Италија, но во финишот падна концентрацијата и „аѕурите“ дојдоа до победата. Нова шанса за „црвено-жолтите“ е руската селекција од која загубивме лани токму во Перм со 77:67.

Тодоров одлучи да направи промени во неговиот ростер, па така на местото на Теодор Симиќ и Андреј Митревски, во составот ќе бидат Виктор Ефремовски и Филип Бакоч.

Симиќ и Митревски не добија минутажа против Италијанците, останува да се види дали истото ќе се случи и со Ефремовски и Бакоч.

Составот на Македонија за денешниот натпревар против Русите: Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Квалификации ЕП: Македонските кошаркари поразени од Италија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот