Фото: Зоо Скопје

„Тоа се места за тортура“ – „Зелен хуман град“ бара затворање на зоолошките градини во Македонија

Иницијативата „Зелен хуман град“ реагира дека деновиве има повеќе немили настани на насилство кон заробени животни. Се повикуваат на случувањата во скопската зоолошка градина, за кои велат дека најзагрижувачки е тоа што главни причинители на насилство се малолетници, односно деца.

„Имено, станува збор за два посебни инцидента во кои деца – ученици од основно училиште со камења ги гаѓале заробените слонови и заробениот нилски коњ како и инцидент во кој млада девојка качена до кафезот ги вознемирувала заробените мајмуни. Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не го ни забележуваме, за што доказ е и самото постоење на зоолошка градина како профитабилна форма на забава во која страдаат невини животни во ропство)“, реагираат оттаму.

Средношколци фрлале камења кон слоницата во Зоолошка, реагира вработен

„Зелен хуман град“ се залага за итно затворање зоолошките градини во Македонија, кои ги карактеризира како места на тортура кон животните, па бара нивна трансформација во центри за конзервација и рехабилитација.

„Целта е суровоста на кафезите и третирањето на животните како предмети за забава да биде заменета со грижа за повредените и напуштените автохтони животни на територијата на Македонија, а граѓаните и најмладите да се поврзат со животни на кои Македонија им е природна животна средина. Да се потсетиме, првиот знак за психопатија е токму насилство врз животни, и затоа е нужно рано детектирање од страна на стручни кадри и меѓуинституционална соработка со цел укажување на адекватна помош на ученикот и превенирање на, во најлоша варијанта, инциденти со живото-загрозувачки последици во иднина“, стои во реакцијата на „Зелен хуман град“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот