Фото: Фејсбук

Средношколци фрлале камења кон слоницата во Зоолошка, реагира вработен

Ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, кои биле во посета на Зоолошката градина, фрлале камења кон слоницата, реагираше денеска зоонегувателот Виктор кој работи во скопската Зоолошка.

Тој додаде дека додека учениците го вознемирувале животното, професорите седеле во кафуле и пиеле кафе.

– Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во кафич. Не сакам да генерализирам — не се сите деца исти, ниту сите професори се неодговорни. Но, вакви поединци оставаат лоша слика и, уште полошо, нанесуваат стрес и штета на животни кои се под наша грижа. Како зоонеговател, секојдневно гледам колку се чувствителни и интелигентни овие суштества. За нив, ова не е „зафрканција“. Искрено, се потсетив на времето од пред 25–30 години… Ако некој од нас направеше ваква глупост, последиците ќе беа сериозни — и од дома, и од училиште. Не затоа што некој сакал да казнува, туку затоа што се знаеше ред, почит и одговорност. Мислам дека е време повторно да се потсетиме на тие вредности- сподели тој во својата Фејсбук објава.

Тој упати апел до родителите да ги научат своите деца дека животните не се мета за забава, туку живи суштества што заслужуваат почит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот