8 C
Скопје

Тоа е статусен симбол, но сепак Кејт Мидлтон не смее да го носи овој предмет во јавноста во текот на денот (ФОТО)

Ригорозните правила на кралското семејство велат дека на војвотката од Кембриџ за време на денот и е забранет предметот кој е симбол на нивниот статус.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон како членка на кралското семејство мора да се придржува на бројни правила.

На јавноста и е познато дека жената на принцот Вилијам не смее да носи лак за нокти во боја или голи рамена, но постојат и некои правила за кои помалку се зборува.

Фото: Профимедиа

Батлерот на кралското семејство Грант Харолд, тврди дека постојат парчиња накит кои се дозволени да се носат само навечер, односно по 18 часот, дури и доколку сте принцеза.

Станува збор за тијарите, накитот кој е резервиран само за омажените жени, а и тие смеат да ги носат само навечер. Исклучок се венчавките, па така Меган Маркл смееше да носи тијара на денот на венчавката со принцот Хари.

Прочитајте и...  На денешен ден - 2 март
Фото: Профимедиа

Пред официјално да станат дел од кралското семејство, ниту Меган ниту Кејт Мидлтон не смееа да носат тијара во јавноста.

– Тоа е симбол на статусот и показател дека сте зафатени и не барате маж. На мажите тоа им дава јасен знак да не се обидуваат да ви се додворуваат, тврди кралскиот батлер Грант.

Фото: Профимедиа

Спротивно на верувањата, овие дами од кралството можат да носат дијаманти во текот на денот, но сепак почесто ги носат за време на раскошните вечерни случувања.

Фото: Профимедиа

На денот на својата венчавка Меган носеше тијара од кралицата Мери направена во 1932 година. Пред неа во јавноста последен пат ја носеше принцезата Маргарет во 1965 година.

Фото: Профимедиа

Поврзани вести

„Се чувствував виновен и длабоко посрамотен“: Ентони Хопкинс призна зошто му се препуштил на алкохолот

Слободен печат

ВИДЕО | Сон на секој што чува домашно милениче и нема двор: Лола е куче што користи нокшир!

Слободен печат

Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Слободен печат

ФОТО | Ги извлекле нивните среќни броеви на лотарија за „џек – пот“, а Рејчел и Лиам не го уплатиле добитното ливче!

Слободен печат

Богатата наследничка во долгови: Тамара во 2020 година загубила милиони!

Слободен печат

ФОТО: Максимализам, новиот популарен тренд во уредување на домот

Слободен печат

Остави Коментар