„Титан Усје“ реагира на наводите на „3елен хуман град“: Причините за загадувањето да се бараат на друго место

Скопската Цементарница во соопштение реагира за наводите кои денес ги изнесе „Зелен хуман град“ (ЗХГ) – граѓанската иницијатива обвини дека Цементарницата е еден од најголемите загадувачи во Скооје и поднесе иницијатива фабриката да се дислоцира од градската средина поради, како што велат од ЗХГ, енормното загадување што секојдневно го предизвикува.

Од компанијата Титан Усје велат дека ваквите наводи се невистинити, а Цементарница се користи како изговор за загадувањето во главниот град, иако, според компанијата, причините треба да се бараат на друго место.

Еве ја во целост реакцијата:

„Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на измерени научни податоци и факти. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место.

Имено, работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, а сите податоци од мерењата се јавно достапни. Покрај нивното доставување до надлежните институции, кои имаат и независен увид, податоците од мерењата редовно се споделуваат со медиумите и со невладиниот сектор. Сите мерења покажуваат дека работењето на компанијата е под законски дозволените лимити.

Последното контролно мерење беше извршено вчера (18 декември 2025 година) од страна на Државниот инспекторат за животна средина, при што инспекторите утврдија дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.

ТИТАН Усје работи согласно законските прописи и А-еколошката дозвола, која е под надзор и контрола на Министерството за животна средина и во која прецизно се дефинирани сите параметри што се однесуваат на заштитата на животната средина.

Тврдењето дека нашата компанија е поврзана со квалитетот на воздухот е целосно неосновано и паушално и се потпира на претпоставени вредности од софтверски апликации кои не се засноваат на верификувани методи за мерење од ваков тип и затоа не можат да се сметаат за релевантен извор, ниту во нашата земја, ниту во Европската унија.

ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни“, пишува во реакцијата од Цементарница.

Отровен воздух: Вечерва е најзагадено во двор од градинка во Струмица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот