Тиквеш тагува, Силекс останува прволигаш

Фото: facebook/stadiumkratovo

Денеска на стадионот во Ѓорче Петров со конечен резултат 3:2 Силекс беше подобар во пресметката против Тиквеш. Тимот од Кратово поведе уште во 12 минута со еден убав погодок на Бобан Георгиев, а истиот играч ја зголеми предноста 180 секунди подоцна.

Фудбалерите на Тиквеш ја вратија неизвесноста преку Ивановски за намалување на негативата, но повторно беа во „минус два“ откако стрелаше Рајковиќ на спротивната страна за 3:1.

Принтскрин facebook.com/rtkavadarci

Во второто полувреме во однос на првото имаше само еден погодок, играчите од Кавадарци кои имаа голема поддршка на трибините се обидоа со сите сили да се вратат целосно, но на крајот само го ублажија поразот. Ивановски по втор пат се запиша во листата на стрелците во 58. минута.

Така, комплетиран е списокот на учесници во Првата лига за наредната сезона 2019/2020: Академија Пандев, Борец, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Шкендија, Шкупи, Струга Трим Љум, Вардар и Силекс.

Најдобри во второлигашките натпреварувања на Истокот и Западот беа екипите на Борец и Струга Трим Љум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот