Тафа: Ова е голем успех, Струга заслужува прволигашки фудбал!
Со своите игри и резултати заслужено фудбалерите на Струга Трим Лум го добија пехарот за првото место освоено во Втората лига – Запад.
Во последното коло Струга Трим Лум успеа на еден одличен начин да ја круниса фантастичната сезона со триумф над Лабуништа со 6:1. Лабуништа ќе игра бараж меч против Тиквеш.
За домаќините двоен стрелец беше Арбен Тафа, по еден погодок имаа Дејан Цветаноски кој ја започна гол-серијата, потоа Абдулхади Јахја и Агон Хајредини, а на спротивната страна стрелаше Бојан Спиркоски.
– Навистина е голем успех, првин за нас како играчи и клуб со оглед на тоа дека клубот е формиран во 2015-та, постои само четири години и е историски пласман. Можам да кажам дека сум задоволен од колективната игра, упорната работа и професионализмот на крај даде резултат. Големо благодарение на спонзорите што ни овозможија супер услови за остварување на целта. Струга заслужува прволигашки фудбал – ни изјави фудбалерот на Струга Трим Лум, Арбен Тафа.