Тежок удар за Блејк Лајвли – судот отфрли 10 од 13 тужби против Џастин Балдони за сексуално вознемирување
Судијата кој го води правниот спор меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони отфрли 10 од вкупно 13 тужби што актерката ги поднела против својот колега, нанесувајќи ѝ значителен удар пред почетокот на судењето. Двајцата следниот месец ќе се соочат на суд по преостанатите три точки од тужбата, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
Американскиот окружен судија Луис Џеј Лајман во четвртокот отфрли поголем дел од тужбите поднесени од Лајвли, вклучително и оние за вознемирување, клевета и заговор. Сепак, дозволи постапката да продолжи по потесни обвиненија, меѓу кои се прекршување на договор и две тужби поврзани со одмазда.
Судијата Лајман оцени дека дел од нејзините тужби немаат правна основа за да продолжат, особено оние што се темелат на нејзиниот статус на вработена. Во исто време, заклучи дека други тужби, како оние за одмазда, се доволно поткрепени со докази за да одат на судење.
Со оваа одлука е отфрлена тужбата за одмазда според сојузниот закон и калифорнискиот закон за работни односи, како и одредени тужби против поединечни обвинети. Сепак, тужбата за одмазда против продукциската куќа „Вејферер“ и поврзаните компании ќе продолжи на судењето закажано за 18 мај.
Случајот бил покренат во декември 2024 година, кога Лајвли поднела тужба против својот колега од филм.


