Тежок избор: Објавен нов список на најубавите мажи на сите времиња

Убави мажи
Фото: Instagram

На најновиот список се најдоа десет најпривлечни мажи на сите времиња, од Марлон Брандо до Џејсон Момоа. Секое време си носи нешто свое, па така и идеалите за убавина и сексапил се менуваат. Од златното време на Холивуд, па до денес, сведоци сме на разни трендови, но одредени познати личности одолеаја на тестот на времето и така засекогаш си обезбедија статус на секс симбол.

Марлон Брандо – ако толку години по нечија смрт и понатаму се споделува неговата црно – бела фотографија од младоста на која позира во обична маица со заводлив поглед, тогаш знаете дека станува збор за вистинска ѕвезда и секс симбол на сите времиња. Неговите улоги во култните филмови „Трамвајот наречен желба“ и „На доковите од Њујорк“ се најдобар доказ за тоа.


Пол Њумен – покрај неоспорниот шарм и харизма, Пол беше голем противник на војната и поддржувач на геј-популацијата уште во тоа време. Освен тоа, беше голем борец за заштита на животната средина, а присуствуваше и на првиот Ден на планетата Земја. Односно, и покрај огромната популарност, тој се занимаваше со важни теми за кои многумина уште не беа свесни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @marcusspiritual


Ален Делон – многу години пред Мет Дејмон го одигра прочуениот Тим Рипли,а со улогата во филмот „Во зенитот на сонцето“ си обезбеди голема почит од
публиката и критиката. Оваа извонредна изведба му ги отвори вратите на Холивуд и го зацврсти неговиот статус на планетарен срцекршач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ma.ry.vita


Патрик Свејзи – благодарение на култната улога во „Валканиот танц“ од 1987 година, каде што заводливо танцува облечен во тесна маица и панталони, со
брзина на светлоста се вивна меѓу ѕвездите и стана секс симбол по кој лудуваа жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @read_and_choose


Харисон Форд – со улогите Индијана Џонс и Хан Соло ги освои женските срца, но и инспирираше многу мажи да се огледаат на овие два лика. Па на некој начин стана идеал кон кој сите се стремеа по премиерата на тие филмови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Бред Пит – досега имаше толку различни фази и изданија, што едноставно не е можно да не ве освои. Од младиот каубој во „Телма и Луиз“ до најновата улога во „Беше еднаш во Холивуд“, Бред отсекогаш зрачи со посебен т.н. „редфордски шарм“, на кој ретко кој може да остане имун.


Џорџ Клуни –од харизматичниот лекар во серијата „Ургентен центар“ до заводникот во „Единаесеттемина на Оушн“, тој израсна во вистински миленик на
женската популација, кој со годините изгледа сè поубаво. Обелена коса, елегантни костуми, заводнички поглед и став, хуманитарец со големо срце… жените сонуваат за таков партнер.

Идрис Елба – по години играње во познатите серии „Жица“ и „Лутер“ не е ни чудно што обожавателите навиваат токму тој да биде новиот Џемс Бонд. Со мажествено тело, пријатен глас, неверојатна насмевка и префинет моден стил, јасно е зошто пред две години ја понесе титулата најсексапилен маж на денешницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JM (@jeromemosczinsky)


Лени Кравиц – не се само неговата музика и рокерски кожени изданија заслужни за тоа колку Лени е атрактивен и омилен меѓу дамите низ светот. Имено, тој е некој што упорно работи на себе, поради што целосно е лишен од љубомора и машка суета, дури и толку што Џејсон Момоа, сопругот на неговата бивша жена, го нарекува „брат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jason mamoa (@jasonmamoa101)

Џејсон Момоа – славата ја стекна играјќи богови и чудовишта, што не е чудно ако се земе предвид неговиот изглед. Изразито висок, со убаво градено тело, долга коса и длабок глас, Џејсон Момоа навистина изгледа како некој што може да се пресмета со титан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот