Тешка задача за Вардар во ЛШ: Црвено-црните ќе играат против „своите“ Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ, Скубе, Душебајев…

Сè уште актуелниот европски шампион Вардар ќе биде дел од групата А во новото издание на елитното натпреварување.

Новиот Вардар на есен ќе сврти нова страница во клупската историја, досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко кој „донесе“ две титули си замина и на негово место дојде старо-новиот претседател, Михајло Михајловски.

На денешната жрепка во седиштето на ЕХФ, Вардар кој беше еден од носителите ќе игра во Групата А, заедно со францускиот ПСЖ кој исто така беше носител во жрепката.

Покрај тимот кој го предводи поранешниот тренер на вардарци, Раул Гонзалес, се наоѓаат и екипите на Порто, Киелце, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум, и Фленсбург и го очекуваат пресметки со ракометари кои порано настапуваа за „црвено-црните. Покрај Гонзалес кој седи на клупата на ПСЖ, во новата сезона член на „светците“ ќе биде и Даинис Криштопанс, Игор Карачиќ и Алекс Душебајев играат за Киелце, Сташ Скубе ќе игра за Мешков Брест, а голот на Порто ќе во новата сезона ќе го брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Прочитајте и...  Ибрахимовиќ на 39 години ќе игра на Европско првенство?

Во групата Б, капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров со неговиот Нант го очекуваат пресметки против Барселона, Веспрем и Дејан Манасков, Алборг, Кил, Мотор, Целје и Загреб.

ГРУПА А: Вардар, ПСЖ, Киелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум, Фленсбург.
ГРУПА Б: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб.

Поврзани вести

Погба на излезни врати од „Олд трафорд“, Јунајтед договори засилување за идната сезона

Слободен печат

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian