Тенисерката која лани заработила 11,5 милиони евра, е на 294. место на ВТА листата

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ема Радукану едвај се појавува на терените, лошо е пласирана на ранг-листата, но, од парите од спонзорски договори е втора светска тенисерка по заработувачката

Британската тенисерка Ема Радукану (23) и покрај тоа што е рангирана дури на 294. место на ВТА листата, минатата година успеала да заработи над 10 милиони фунти (11,5 милиони евра).

Од таа завидна заработувачка, само 200.000 фунти (230.000 евра) и доаѓаат од наградите освоени на турнирите.

Радукану главниот извор на приходи го има од спонзорските договори со повеќе фирми.

Таа стана славна во 2021 година кога го освои САД Опен и оттогаш е постојано присутна во медиумите и на социјалните мрежи, а тоа влече и спонзорства.

Таа е во топ 10 на листата на најбогати тенисери на Форбс и втора жена со најголема заработка откако зарботи околу 10 милиони фунти.

Радукану е заштитно лице на минералната вода Евиан, на автомобилите Порше, а има договори со Вилсон, Најки, Водафон, Тифани…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот