Тенисерите во Улцињ ги очекуваат настапи во Дејвис Купот во Европската трета група

фото: Македонска тениска федерација

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре па до 25 јуни во Улцињ, Црна Гора, ќе игра во Дејвис куп во Европската трета група, светско екипно првенство во машка конкуренција.

Противници на Македонија ќе бидат Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора. Само три земји ќе играат во плеј-офот за влез во Втората европска група, додека две земји испаѓаат во четврта група.

Македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ.

– Оваа година Дејвис куп тимот е подмладен, и го сочинуваат млади играчи кои имаат голем потенцијал, и огромни можности за напредок. Изминатиов период напорно работевме, и сметам дека подготвени го дочекуваме овој турнир – изјави капитенот на репрезентацијата Чедомир Јовановски, кој заедно со заменик капитенот Владимир Томиќ работат на подготовка на нашите најдобри тенисери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот