„Светски позната пејачка не смее да си го дозволи ова“ – Освен што шокира на настапите, Лејди Гага шокира и на улица (ФОТО)

профимедиа

Кога Лејди Гага се појавила на улиците на Лос Анџелес, следеле коментари кои не биле ниту малку благонаклонети. Нејзиниот избор на аутфит овојпат не наишол на одобрување ниту кај нејзините фанови, ниту кај модните експерти.

На нејзините сценски костими кои се поинакви и впечатливи веќе навикнавме. Тие предизвикуваат најразлични мислења – една група луѓе се воодушевени од нив, додека други немаат позитивно мислење. Иако на сцената понекогаш и шокира со своите модни избори, Гага во приватниот живот никогаш досега не направила волку големо стилско промашување.

профимедиа

Таа со своето момче посетила една пицерија и за таа прилика избрала хеланки со светла боја, бела маичка која ја врзала над стомакот и зимски чизми.

профимедиа

По објавувањето на овие фотографии, следеле коментари на социјалните мрежи како: „Една ѕвезда ова не би смеела да си го дозволи“.

профимедиа

„Со ваква фигура, кратката маица е забранета. Ова е вистинска модна катастрофа”, гласел еден од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот